„Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски објавена на англиски јазик

пред 2 недели

Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) од Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020-та“ беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.

Share

AnimeDao animedao hunter x hunter: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement (https://animedao.nl/m/0k2E) Episode 14

WCOStream watch anime online: Watch One Piece Episode 794

Scroll to Top