Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО

пред 2 часа

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по повод Денот на Армијата, упати честитка до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Филипче порача дека Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност, а припадниците на Армијата имаат огромна заслуга во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата.

„Честит 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Денес оддаваме признание и почит на сите припадници на македонската Армија за нивната професионалност, посветеност и несебичен ангажман во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Армијата е еден од столбовите на нашата безбедност и стабилност. Горд сум што бев дел од Владата на СДСМ, која со правилни државнички политики овозможи државата да биде дел од најмоќниот воен сојуз НАТО, што е историски успех за нашата држава. Со членството во НАТО ја обезбедивме безбедноста и територијалниот интегритет на земјата, а нашите војници заедно со војниците на земјите-членки дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, даваат помош на граѓаните при елементарни непогоди и учествуваат во сите меѓународни мировни мисии. Како држава мора да продолжиме да градиме институции кои се сигурни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик и да ја продолжиме борбата за европската иднина на Северна Македонија. Честит Ден на Армијата“, порача Филипче.

Текстот Филипче: Горди сме на македонската Армија и успехот да биде дел од најмоќниот сојуз-НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top