Фирма од Крива Паланка не платила акциза за увоз на тутун во висина од над милион и пол евра

пред 4 години

Царинската управа до кумановското Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против фирма со седиште во Крива Паланка, поради сомнение дека сторила кривично дело – избегнување на плаќање акциза.

Како што информираат од Царинската управа, станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа бил пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200 денари (1,6 милион евра).

Се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на фирмата од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Share
Scroll to Top