Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“.
Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во општеството.

„Инклузијата на дело е најубавата слика за нашата Кисела Вода! Денес, дворот на општината беше исполнет со искрена радост и позитивна енергија. Заедно со децата со церебрална парализа, нивните родители и волонтерите од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“, како и со советниците од нашиот Совет, садевме цвеќе. Искрената среќа и песната што спонтано ја запеаја децата на крајот од настанот беа најубавиот доказ за тоа колку значат ваквите моменти на поврзување. Како локална самоуправа, продолжуваме со нашите системски заложби за поддршка на децата со церебрална парализа и нивните семејства. Кисела Вода континуирано создава услови каде инклузивноста е секојдневна пракса, а секој поединец е целосно прифатен“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.



Текстот (Фото) Општина Кисела Вода со инклузивна акција: Децата со церебрална парализа садеа цвеќе заедно со градоначалничката и советниците е превземен од МАКФАКС.





