Четворица починати и 317 новозаразени од Ковид-19

пред 4 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, и по еден во Ресен и Неготино.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 104 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2 и по еден во Виница и Кичево.

Во болнички услови починати се четворица пациенти – од Скопје (59), Струга (65), како и двајца пациенти од Гостивар (71 и 76 години).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.892. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 7.724, активни 1166
• Куманово 1.823, активни 166
• Дебар 290, активни 35
• Штип 1.307, активни 79
• Прилеп 742, активни 138
• Тетово 1.517, активни 168
• Струга 693, активни 42
• Велес 348, активни 36
• Битола 344, активни 78
• Охрид 443, активни 36
• Кавадарци 256, активни 41
• Гостивар 959, активни 68
• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 328, активни 185
• Крива Паланка 130, активни 38
• Радовиш 107, активни 35
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 450, активни 183
• Пробиштип 119, активни 17
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 129, активни 47
• Валандово 54, активни 39
• Виница 126, активни 36
• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 380, активни 57
• Кичево 340, активни 29
• Ресен 167, активни 9
• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 48 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и една мајка позитивни на Ковид-19, како и 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 198, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 66
• Гази Баба – 126
• Аеродром – 208
• Карпош – 180
• Центар – 210
• Кисела Вода – 131
• Ѓорче Петров – 93
• Бутел – 49
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 4
• Сарај – 14
• Арачиново – 5
• Илинден – 31
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 3
• Странец – 10
• Нераспределен-6

Share
Scroll to Top