Чистење на Серава и нова патека за прошетка: почна реализацијата на проектот во Бутел

Чистење на Серава и нова патека за прошетка: почна реализацијата на проектот во Бутел

пред 4 часа

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел.

Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и изградба на пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за прошетка, рекреација и дружење на граѓаните. Долж патеката ќе биде поставено современо лед осветлување, урбана опрема и нови клупи, а просторот ќе биде дополнително разубавен со ново зеленило.

Во рамки на проектот предвидена е и изградба на нови детски игралишта, со цел создавање безбеден и уреден простор за игра и рекреација на најмладите.

Со реализацијата на овој зафат, општина Бутел во соработка со Град Скопје продолжува со активности насочени кон подобрување на јавниот простор и квалитетот на живот на граѓаните.

Текстот Чистење на Серава и нова патека за прошетка: почна реализацијата на проектот во Бутел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top