Јанев: Политиката и позицијата за Северна Македонија остануваат непроменети

пред 2 недели

Политиката и позицијата на преодниот кабинет остануваат непроменети. Тоа беше потврдено и во Брисел, изјави за БНТ привремениот бугарски премиер, Стефан Јанев.

Она што го наследивме на почетокот на мај, се сеќава Јанев, е дека бугарската позиција не беше добро комуницирана со нашите партнери во Европската унија.

„Објаснуваме и нема да отстапиме. Станува збор за бугарскиот национален интерес и правата на граѓаните на земја членка на ЕУ“, категоричен беше Јанев.

 

Share
Scroll to Top