Јетон Бучи од ДУИ е назначен од Арсовска за нов директор на „Паркови и зеленило“

Јетон Бучи од ДУИ е назначен од Арсовска за нов директор на „Паркови и зеленило“

пред 2 години

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред неколку дена го назначила Јетон Бучи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за нов директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Информацијата е објавена на „Фејбсук“ профилот на опозициската партија.

За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува на објавата на Фејсбук.

Претходниот директор на Јавното претпријатие, Мартин Ангеловски, беше разрешен на 13 август по помалку од еден месец на оваа функција.

Град Скопје нема известено дека е именуван нов директор на Jавното претпријатие.

Текстот Јетон Бучи од ДУИ е назначен од Арсовска за нов директор на „Паркови и зеленило“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top