Автомобил излетал на патот Прилеп-Македонски Брод, возачот загинал на самото место

пред 4 години

Во вечерните часови на 1 март во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за село Ропотово, излетал автомобил „форд ескорт“.

Возилото било управувано од Р.Ј.(49), жител на селото Долнени, кој поради здобиените повреди починал на местото на несреќата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.

Share
Scroll to Top