Автомобил излета од патот Битола-Кичево, повредена жена

пред 3 години

Педесет и петгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа, што се случила вчера утрото на патот Битола-Кичево.

Несреќата се случила кога автомобил „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(35) од с.Долно Оризари, битолско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Ц.(55) од Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Share
Scroll to Top