Алијанса за Албанците: Бујар Османи, главниот финансиер на Русија, МНР купува гориво од руска компанија

пред 2 години

„Веќе неколку денови функционерите на ДУИ ја клеветат албанската опозиција, додека денеска Бујар Османи го достигна врвот обвинувајќи ги граѓаните дека ја поддржуваат Русија. Тој рече дека купувањето гориво од руски компании е директна помош за Русија“, велат во писмената реакција од Алијанса за Албанците.

„Со овие зборови Османи ја направи Фројдовската грешка и со своја уста призна дека е главниот финансиер на Русија“, додаваат од таму.

„Од официјалните податоци од алатката за објавување на трошоците, МНР произлегува дека гориво купува од руската компанија лиценцирана кај нас. Некои од залихите беа направени дури и во последните денови од февруари. Покрај министерството на Османи, најголемиот дел од Владата и државните институции се снабдувале од истата компанија“, се додава во писмената информација од Алијанса за Албанците.

Share
Scroll to Top