Алијанса за Албанците: Ги поддржуваме кандидатите на Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ

пред 3 години

Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, информираат од Алијанса за Албанците.

Во писменото соопштение нагласуваат дека го поздравуваат повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите и го повторуваат како што велат нивниот конзистентен став дека нивните членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.

„Во исто време продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и создадеме ново парламентарно мнозинство“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Share
Scroll to Top