Алијанса за албанците: Која е мотивацијата на признанието на „Тигрите“ за Артан Груби

пред 3 години

Коалицијата Алијанса за албанците-Алтернатива истакнува дека единицата „Тигри“, која и ден денес како што велат од оваа партија останува моноетничка, само македонска, за Албанците ќе остане единица која ќе се памти со антиалбанските акции.

„Вчера, кога полициската единица „Тигри“ ја одбележи својата 40-годишнина од основањето, беше изненадување што во тој настан се доделија плакети и за двајца Албанци: заменик-премиерот Артан Груби, и за заменик-министерот за Внатрешни работи, Назим Буши. Тие што добиваат признанија од таа, нека им биде на нивна чест“ , велат од оваа партија.

„Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците-АлтернАтивА прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанци од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „тигрите“, реагираат преку соопштение од партијата.

Share
Scroll to Top