Алијанса за Албанците: Прорусите заедно ја слават 20-годишнината од ДУИ и 70-годишнината на Кадиров

пред 2 години

„Тие кои имаат полна уста со реторика за интеграции и обвинувања кон другите за Русија, се демаскираа на најскандалозен начин. Во пресрет на 20-годишнината од нивната партија, претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација соработници на Рамазан Кадиров на 70-годишнината од таткото на прорускиот лидер.
Сето ова се случи во Собранието на Северна Македонија, највисоката законодавна институција на земја членка на НАТО“, е посочено во соопштението од страна на Алијанса за Албанците.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Се гледа, додаваат во напишаното од страна на оваа партија, дека луѓето на Кадиров и Џафери се прегрнати, иако овој се обиде да ја сокрие средбата со тоа што не ја објави на официјалната веб-страница на Собранието.

„Работите да бидат уште полоши, еден од соработниците на Кадиров, кој ги објави фотографиите, ја опишува војната од 2001 година како верска војна, додека на Џафери не му пречат споредбите со проруските команданти на Чеченија“, е истакнато во писмената реакција од страна на Алијанса за Албанците.

Share
Scroll to Top