Али Ахмети со апел до граѓаните да се вакцинираат

пред 3 години

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“  упати апел до сите граѓани да се вакцинираат и изрази сочувство до семејствата на починатите од коронавирус.

Ахмети напиша дека тој и неговото семејство се вакцинирани од мај оваа година.

„Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат Бејта исто така“, напиша Ахмети.

Тој изрази сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што вели, подмолен вирус и апелира за масовна вакцинација и почитување на мерките.

„Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се“, напиша Ахмети.

Share
Scroll to Top