Ангелевска: За власта не важат Устав и закони, им се брза да назначат уставни судии кои ќе им бидат партиски послушници

пред 3 години

Власта сака да разреши пратеник од комисијата за избори и именувања, комисија која е функционална и може да се свика во секое време, а да биде иронијата поголема Талат Џафери кој е прв потпишан на барањето за разрешување викаше дека не смее да се вика пленарна седница за точка која не е помината на комисија, а оваа точка денеска не е помината на комисија, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска.

Таа истакна дека јасна е целта зошто на власта и се брза, а тоа е за да може во истата комисија да има послушници кои ќе ги слушаат наредбите од СДСМ и ДУИ и кои ќе треба да изгласаат уставни судии кои исто така ќе бидат партиски послушници.

„ Во оваа комисија треба да се стави послушник кој ќе ги аминува сите кадрови решенија кои ќе доаѓаат од кујната на Бихаќка и на ДУИ. Тоа значи уставни судии, членови на регулаторна комисија, членови на други тела треба да поминаат на оваа комисија. За брзо ќе видиме дека ултимативна цел е да се донесат нови уставни судии, јавноста ќе се увери дека тоа ќе бидат партиски послушници, да чуваат материјали во фиоки со години ако е потребно, и да решаваат уставност кога на власта ќе потреба, рече Ангелевска.

Таа нагласи дека тоа се гледа и што кога власта ја стави на дневен ред оваа точка во исто време е закажана седница на Уставен суд, додавајќи дека за оваа власт законите и Уставот не важат.

„ Ова е спротивно на Деловникот за работа и како ќе го потпише Талат Џафери таквото решение ако се изгласа, но за нив не важе ни Устав ни закони. Законите кои сама власта ги гласала за нив не важат, за Деловникот го толкуваат како ќе им текне. Срам за демократијата и македонското Собрание, партијата која одеше по улици да бара и правда, мир, демократија, бараа јавниот обвинител да го предложи опозицијата, станаа власт и ништо од тоа сега не важи, рече Ангелевска.

Share
Scroll to Top