Арсовски: Семејна фирма на Бочварски земала тендери од над еден милион денари

пред 3 години

Семејна фирма на Бочварски додека бил градоначалник земала тендери од над еден милион денари од ЈП Стипион 2011 Штип, што е класичен судир на интереси, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Според документите кои ги имам тука пред мене, Благој Бочварски додека бил градоначалник, точно пред една година на 8-ми ноември 2019-тата година, една од неговите семејни фирми „Пелагонија Инжинеринг“ ДОО Штип, каде управител е Владимир Бочварски, имено неговиот чичко од потесното семејство, добива неколку договори за јавни набавки за услуги на градежни машини од ЈП Стипион 2011 Штип, претпријатие кое е основано од општината и претпријатие каде директорот го поставува општината. Овие неколку договори што ги држам пред мене имаат вредност од над еден милион денари, каде фамилија Бочварски односно каде нивниот помлад наследник е градоначалник во општината, на општински институции изнајмува услуги со градежни машини и тоа во вредност од над еден милион денари.
Не сум сигурен дека биле единствена таква фирма во Штип и регионот што нуделе такви услуги, па оттука потекнува и сомнежот дека Бочварски директно или индиректно влијаел на доделување на овие јавни набавки“, рече Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ прашува дали „Пелагонија Инжинеринг“ ДОО Штип е една од неговите семејни фирми односно каде сопственици се или неговиот татко или неговиот чичко, како и дали истата фирма лани на 8-ми ноември склучила договори со ЈП Стипион во вредност од над еден милион денари?

Share
Scroll to Top