Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

пред 10 часа

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

Денеска се одржа промотивно прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет, имплементиран од Министерството за дигитална трансформација.

Филмот е создаден како резултат на креативна соработка меѓу ученици и наставен кадар, со цел да се подигне свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот кај децата и младите. На едноставен, разбирлив и едукативен начин, анимираниот филм ја доближува важноста на дигиталната писменост и безбедното однесување во онлајн просторот.

На покана на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на настанот присуствуваа и ученици од општина Кисела Вода, како и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

„Кликни безбедно е едукативен цртан филм, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Ова е последната активност со која го завршуваме Месецот на побезбеден интернет и нашиот европски проект MKSafeNet. Филмот е наменет за најмладите и има за цел на едноставен и разбирлив начин да ја доближи важноста на дигиталната писменост, како и безбедното, одговорно и етичко користење на интернетот.“ изјави Андоновски.

Министерот додаде и дека технологијата треба да се користи разумно и да се внимава на ризиците: „Во време кога децата с? порано се среќаваат со дигиталниот свет, наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици. Затоа ваквите иницијативи се особено важни – тие ја поттикнуваат соработката меѓу институциите, училиштата и родителите, со заедничка цел: побезбеден интернет за секое дете.“ рече Андоновски

Анимираниот филм ќе биде достапен во сите училишта низ Македонија, а ќе имаат можност да го прикажуваат и сите телевизии. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на политики и проекти кои ја зајакнуваат дигиталната писменост и онлајн безбедноста, особено кај младите генерации.

Со промоцијата на „Кликни безбедно“, Министерството за дигитална трансформација уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на дигиталната култура, јакнење на свеста за онлајн безбедноста и создавање побезбедна дигитална средина за сите деца.

Текстот Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top