Среде зима и среде енергетска криза, владата мора да изнајде механизам и да им помогне на компаниите за топлинска енергија да испорачаат греење на домаќинската и институциите, истакна на прес-конференција, Стевче Антовски – член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата за тоа има можност со самото тоа што веќе таков чекор презеде во секторот за снабдување со електрична енергија, од Буџетот ќе се испумпаат 200 милиони евра за ЕЛЕМ. Трите компании БЕГ, Топланата Скопје Север и ЕСМ енергетика, во интререс на граѓаните не смеат да бидат жртви на несовесно работење и долгови. Во 21 век под изговор на т.н. „оптимизиран“ режим, скопјани не ја добиваат потребната топлинска енергија. И покрај покачената цена од 14%, Скопје останува со ладни грејни тела. Зошто РКЕ молчи за овој проблем? Дали навистина компаниите испорачуваат топлинска енергија според Правилата за снабдување и Мрежните правила за дистрибуција на топлина? Според овие акти во период од 6 до 22 часот во секој дом треба да се постигнува температура од 20 +1 степени целзиусови. ошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси, вклучувајќи го и БЕГ и Топлификација Скопје-Север?“, праша Антовски.
Според него, срамно е што државата дозволува граѓани корисници на греење од Топлана Север, да бидат жртви на долг од институција како Општина Чаир, и да ги остави без греење среде зима.