Арсовска: Да го славиме животот, со скромност, чесност и меѓусебна почит

пред 3 години

Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово ја празнува победата на животот над смртта. Во најсветиот период во годината за православните христијани, ги славиме надежта, животот и победата над сите искушенија, истакна градоначалничката Данела Арсовска.

„ Драги сограѓани, дозволете ми да ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото Воскресение, и да посакам Велигден во вашите домови да донесе здравје, мир, хармонија и радост, кои ќе ги споделите со најблиските.

Велигден е празник на вечната верба и надеж. Да го славиме животот, со скромност, чесност и меѓусебна почит. Со желби за добро здравје и благодет во секое семејство, ви го честитам празникот.

Нека е за многу години. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!“ порача Арсовска.

Share
Scroll to Top