Арсовска: Карпош со нови велосипедски патеки и решен проблемот со водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле

пред 3 години

За Карпош е важно да се реши квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле, порача денеска Данела Арсовска на средбата со граѓани во општината Карпош. Таа потенцираше дека потребни се брзи и сигурни решенија.

„Достапен и ефикасен јавен превоз, брзи сообраќајници кои ги поврзуваат сите населби. Целосно ќе го уредиме кејот на Вардар од двете страни, ќе поставиме нови спортски содржини, патеки за трчање и велосипеди. Ќе изградиме отворени фитнес зони и вежбањето на отворено ќе биде достапно насекаде во Карпош. Во програмата предвидуваме и нови велосипедски патеки и реконструкција на постоечките. Ќе ги исчистиме дивите депонии како онаа на излезот од Карпош и ќе ги направиме зелени оази. Мојата програма ме обврзува и на нови паркови и зелени површини, паркиралишта, сообраќајни решенија кои ќе значат лесен и брз пристап, запирање на дивата урбанизација, субвенции за велосипеди и електрични тротинети, нов паметен систем на функционирање на Скопје. Конечно ќе го разрешиме квалитетното водоснабдување во Жданец и високата зона во Козле“, изјави Арсовска

Според Арсовска граѓаните на Скопје на 17 октомври ќе одлучат дали ќе веруваат на стари неисполнети ветувања или на реални проекти кои гарантираат брзи резултати.

Share
Scroll to Top