Арсовска најавува изградба на пет нови мега паркови

пред 3 години

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, најави изградба на пет нови мега паркови во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров по примерот на градскиот парк.

„Последниве години сме сведоци дека останавме без дрвја за сметка на бетонизацијата. Oвие неколку години Скопје доживеа урбан хаос, се градеше на места без долгорочен план и стратегија за иднината. Зеленилото е потреба на секој модерен град, а ние во континуитет го губиме. Нема компромиси кога станува збор за здравјето на граѓаните, нема компромиси наместо зеленило да се градат згради кога Скопје е еден од најзагадените градови. Скопјани имаат само еден парк и тој не е среден како што треба“, изјави Арсовска.

Новите паркови, додаде таа, ќе бидат изградени со урбана опрема, спортски зони и пешачки патеки.

„Во рамки на програмата и релизацијата на овој проект за изградба на нови 5 мега паркови секоја година се обврзувам дека градот ќе засадува 100.000 нови садници. Немаме друга опција освен Скопје да стане вистински еколошки и одржлив град. Ако сакаме чист воздух, убава средина за живот и места за рекреација мора да вложиме во нив. Нема повеќе оправдувања и одложувања. Скопје мора да има брзи и сигурни решенија“, додаде Арсовска

Share
Scroll to Top