АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

пред 7 часа

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.

Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.

Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Текстот АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top