Ахмети-Курти: Конкретни проекти за доброто на граѓаните

пред 2 години

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска престојуваа во Приштина каде беа пречекани од премиерот на Република Косово, Албин Курти, кој беше придружуван од министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци, министерот за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, министерот за одбрана, Арменд Мехај и шефот на кабинетот Луан Далипи.

На оваа средба Ахмети и Курти разговараа за состојбата со пандемијата во двете држави, за состојбата во здравствените установи и за олеснувањето и отстранувањето на мерките во нашите држави, така и за меѓу граничното движење.

Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје и Софија, Белград и Приштина, итн.

Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен.

Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица.

Дел од разговорот меѓу Ахмети и Курти беше и дијалогот Косово-Србија, процес кој треба што поскоро да се заокружи со меѓусебно признавање меѓу двете земји за да се одржи стабилноста и просперитетот на земјата и за подобра иднина на граѓаните, бидејќи според двајцата соговорници местото на целиот Западен Балкан е во големото европско семејство, во траен мир, безбедност, стабилност.

Двете владини делегации го завршија денот со пријателска вечера.

Share
Scroll to Top