Ахмети му честита на Бајден: Нашиот голем пријател застана на чело на САД

пред 3 години

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, прв му честита на новиот избран претседател на САД, само неколку моменти по потврдата на победата на претседателските избори, се наведува во партиско соопштение.

„Нашиот голем пријател Џо Бајден се врати, сега е на чело на Соединетите Американски Држави. Му посакувам добро здравје, успех и добра работа на претседателот Бајден и им честитам на САД за завршувањето на изборниот процес и новоизбраниот Конгрес, Сенатот и Белата Куќа“, се вели во честитката на Ахмети.

Лидерот на ДУИ изразува и голема благодарност до претседателот Доналд Трамп и неговиот придонес во изминатите 4 години.

„Нашето пријателство со САД е вечно“, напиша Ахмети во честитката.

 

Share
Scroll to Top