Безбедно лето-2022: Акциска контрола на СВР Битола

пред 2 години

Вчера и денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на Битола беше спроведена акцискa контролa во склоп на оперативниот план “Безбедно лето-2022” на цело подрачје на СВР Битола односно контрола на јавни места каде има нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

При контролата биле опфатени 37 локации на подрачјето на Битола каде биле извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни возила.

При контролата било приведено едно лице кај кое била пронајдена марихуана. Биле поднесени шест прекршоци по чл. 6 од “Законот за прекршоци против јавниот ред и мир” и 27 прекршоци по” Законот за безбедност на сообраќајот на патишта”.

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност, најавуваат од таму.

Share
Scroll to Top