Без вода делови на Чаир, Карпош и Кисела Вода

пред 2 години

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека за денеска планирани се следниве интервенции:

– поради промена на затворач на улицата Св. Прохор Пчињски бр. 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Св. Прохор Пчињски и дел од улицата Самуилова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности (општина Чаир);

– поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Струма бр. 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Струма, Огражден, Пелистерска, Радика, дел од булеварот Илинден и дел од „Карпошово востание“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот (општина Карпош);

– поради промена на затворачи 2х100 мм и 1х 80мм на улицата Михаил Чаков бб (во близина на „Кам маркет“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Михаил Чаков, Петар Делјан и Ѓорѓи Сугаре. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активнисти (општина Кисела Вода);

– поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на улицата Козле, раскрсница со улицата „Кораб“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Козле, дел од „Јуриј Гагарин“, „Струшка“, „Мокра“ и „Кораб“ од 9 часот до завршување (општина Карпош).

 

Share
Scroll to Top