Пронајдена дрога во штипско, приведени три лица

пред 2 години

Во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип вчера привеле три лица од Штип, кај кои била најдена дрога.

Кај С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), била пронајдена околу еден килограм марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top