Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека денеска, поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат следниве корисници:
– од 8.30 до 13.30 часот корисниците од дел од улицата 21 и дел од улицата 56 (општина Центар);
– од 9.30 до 14.30 часот корисниците од с. Орман и с. Никиштане (општина Ѓорче Петров);
– од 9 до 13 часот корисниците од местото наречено Боринарец – Радишани (општина Бутел);
– од 7.25 до 15.30 часот корисниците од улицата Маџари, улицата 22 во Маџари, куќите околу стадионот „Борис Трајковски“, пунктот на „Водовод и канализација“ (општина Гази Баба).