БЕСА незадоволна од одлуката за Желино се заканува со уривање на Владата

пред 3 години

БЕСА е незадоволна откако Државната изборна комисија (ДИК), прифати еден од двата приговори на ДУИ за Желино, каде кандидатот на Беса, Блерим Сејди, со освоени 5.171 гласа, победи пред неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири, кој освои 5.102 гласа.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, го изрази незадоволството преку социјалните мрежи.

„Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“ – напиша Хоџа.

БЕСА на денешното централно претседателство ќе расправа за владејачката коалиција.

Share
Scroll to Top