„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

„Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере

пред 1 година

„Луѓето знаат да гледаат. Знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да кликнат, да коментираат. Да се насладуваат на туѓиот пекол додека грицкаат нешто мрсно од кеса.

Но,знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат, кога немаат поим. Да се ​​тргнат настрана кога болката не е нивна. Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца без блиц, шепоти и евтини анализи“, напиша Никола Перевски – Пере на социјалните мрежи.

„Не барам чуда. Не барам свет без врева. Барем за тие неколку дена, Бидете луѓе. Не таблоиди. Не ловци на туѓа трагедија. Не доктори за се и сешто. Само луѓе. Со душа, ако ни остана. Затоа што ако го прокоцкаме и тоа – Нема ни што да се свири веќе“, пишува Пере.

Текстот „Бидете луѓе, не таблоиди, не ловци на туѓа трагедија“, напиша Никола Перевски – Пере е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top