ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети покажа дека е газда во мафијата на власт наречена ДУИ-СДСМ, а Ковачевски е обичен статист меѓу Заев и Ахмети

пред 2 години

Али Ахмети покажа дека е газда на мафијата на власт ДУИ-СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ а за Ковачевски сметаат дека е само статист помеѓу Заев и Ахмети, обичен пиун за кој како што додаваат само слуша и спроведува.

„Сега е јасно зошто ДУИ се согласи пиунот Ковачевски да ја администрира владата, бидејќи се увериле дека ќе се поклонува не само на Заев, туку и на коалицискиот партнер. Мафијата на власт ДУИ-СДСМ перфектно е организирана само кога се работи за тендери, криминал и корупција. Тоа е единствената нишка која ги поврзува“, е наведено во соопштението од оваа партија. Голата желба за власт за да крадат, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, ја одржува оваа власт и за тоа наоѓаат совршен заеднички јазик.

„Впрочем, така сатрапот на правдата Талат Џафери како курир на Ахмети еднострано договори распишување на дополнителни локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Без да се консултираат со некого, скриено од очите на јавноста, распишаа избори. Тоа е класично мафијашки дил, во кругот на две мафијашки семејства. Ахмети маредува, пиунот Ковачевски извршува“, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top