Битиќи – Зутер Техада: Швајцарија е голем поддржувач на евро-интеграцискиот пат на Северна Македонија

пред 3 години

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, на која набрзо и завршува мандатот.

Битиќи упатил благодарност за личниот ангажман на амбасадорката Зутер Техада, во процесот на спроведување на реформите во нашата земја.

„Швајцарија уште од 1992 година е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичкиот, општествениот и економскиот развој и една од најголемите донатори на Северна Македонија и силен поддржувач на евро-интеграцискиот пат“, нагласил вицепремиерот.

Тој воедно констатирал дека во изминатиот период, со швајцарска поддршка се реализирани голем број на проекти со кои се овозможиле подобри услови за живот и подобар животен стандард за граѓаните.

„Во изминатиот период Швајцарија даде силна поддршка во проекти за рамномерен регионален развој, за подобрување на конкурентноста и за зголемени можности за вработување, а поддршката од Швајцарија продолжува и понатаму и ќе се реализира согласно Швајцарската програма за поддршка на земјава во периодот 2021 – 2024 година, која беше претставена неодамна“, посочил Битиќи.

Тој упатил честитки за успешниот мандат на амбасадорката Зутер Техада и посакал уште поголем успех на нејзината следна должност.

Share
Scroll to Top