Блинкен и Лавров ќе се разминат во Скопје

Блинкен и Лавров ќе се разминат во Скопје

пред 5 месеци

Во Скопје почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на состанокот на ОБСЕ, а чијшто домаќин е македонскиот шеф на дипломатијата и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи.

Османи вечерва на социјалните мрежи објави фамилијарна фотографија од состанокот, на која го нема рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според најавите, американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе си замине по оваа средба, а рускиот министер ќе пристигне подоцна во Скопје. Од Американскиот Стејт департмент, денеска за „Гласот на Америка“, беше истакнато дека нема очекувања за каква било средба меѓу Блинкен и Лавров, за време на состанокот на министрите на ОБСЕ во Скопје.

Претходно, како што објави „Макфакс“, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел кој допатува во Скопје на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, порача дека е добро што Лавров ќе пристигне и ќе слушне од сите учесници на состанокот на ОБСЕ зошто Русија е санкционирана и изолирана. Потоа Лавров ќе може да се врати во Кремљ, рече Борел, и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско делување на Русија.

Балтичките земји, Украина и Полска во знак на протест поради присуството на Лавров во Скопје не ги испратија министрите за надворешни работи, туку свои делегации.

 

Текстот Блинкен и Лавров ќе се разминат во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top