Богдановиќ: Несовесноста на родител стави 22 првачиња во самоизолација

пред 4 години

Општина Центар ја информира јавноста дека уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште „Гоце Делчев“ се во изолација. Мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, сепак го носела детето на настава. Општина Центар најостро го осудува неодговорното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката. „Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците“, вели градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој е во постојан контакт со директорите на основните училишта, кои работат според препораките на надлежните здравствени институции. Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.

Share
Scroll to Top