Бошњаците бараат називот бошњачки јазик во образецот за попис да се промени во босански јазик

пред 3 години

Називот бошњачки јазик во образецот за попис да се промени во босански јазик, бара Бошњачкиот демократски сојуз.

„Врзано за ова БДС реагираше во повеќе наврати како писмено така и со директни контакти до надлежните институции на Северна Македонија, но за жал оваа грешка постојано се повторува. Конечно ги повикуваме сите надлежни институции на Северна Македонија веднаш да ја исправат оваа грешка, односно називот бошњачки јазик да го променат во босански јазик“, велат од партијата.

Доколку тоа не биде сторено, велат од таму, БДС ќе ги повика Бошњаците од Северна Македонија да го бојкотираат пописот.

„Бараме од сите институции на Северна Македонија еднаш и засекогаш да разберат дека никој нема право да го менува нашиот национален и верски идентитет и дека се обврзани тоа да го почитуваат и применуваат, бидејќи ние по националност сме Бошњаци кои зборуваат на босански јазик и чија вера е Ислам. БДС ги застапува интересите на Бошњаците од Северна Македонија и за таа цел подготвен е да ја напушти владеачката коалиција“, велат од партијата.

Share
Scroll to Top