Доцна синоќа на улицата Бутелска се случи сообраќајна незгода помеѓу возило во сопственост на МВР со двајца полициски службеници и автомобил во кој биле М.Т.(19) и И.Х.(18) од Скопје.
Двајцата скопјани бегале од полициската екипа која ги бркала поради нарушување на јавнот ред и мир.
Во незгодата полициските службеници и едниот од момчињата се здобиле со телесни повреди.
Претходно, била добиена пријава дека на бензинска пумпа на подрачје на Чаир бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајцата скопјани кои бегале од полицијата од една страна, и М.Ф.(34), М.О.(21) и А.И.(50) сите од Скопје, од друга страна.
Сите учесници го напуштиле местото на настанот.
Подоцна од полициски службеници било запрено возилото на другата група, и приведени се М.Ф., М.О. и А.И. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.