Бујар Османи денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску

пред 2 години

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, кој ќе престојува во официјална посета на Скопје.

Во рамките на посетата, министерот Ауреску, ќе оствари средби и со Претседателот, Стево Пендаровски; претседателот на Собранието, Талат Џафери; претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Share
Scroll to Top