Велешани уапсени додека извршувале тешка кражба во фабрика

пред 3 години

Две лица од Велес биле уапсени додека извршувале тешка кражба во фабрика во Велес.

Вчера во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.З.(30) и Е.Х.(21), двајцата од Велес.

Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика во Велес, односно во моментот кога се обиделе да ги стават украдените предмети во возило и да заминат. Украдените предмети им биле одземени, а тие биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top