(Видео) Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Венко Филипче: Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните

пред 1 година

Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда, вели лидерот на партијата СДСМ Венко Филипче.

„Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта. СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителен сегмент“, вели Филипче и додава:

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери“.

Текстот Венко Филипче: Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top