Одобренa изградбата на брана во Липково, инвестицијата чини 22 милиони евра

пред 4 години

Владата на седница ја одобри тендерската постапка за изградба на брана на река Слупчанска. Инвестицијата ќе треба да се реализира во рок од 4 години со вкупна вредност од околу 22 милиони евра. (1.342.000.000 ден) Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково. „Со изградбата се очекува да биде целосно решен проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини“, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на чијшто предлог оваа точка беше ставена на седница на Владата.

Share
Scroll to Top