(Видео)Антовски:ЕСМ не учествува на тендерите на ЕВН, бидејќи неможат да произведуваат пресметани количини на струја

пред 2 години

„Македонија е длабоко навлезена во енергетската криза и не е во можност да се справи со предизвиците и последиците предизвикани од кризата.
Електроенергетскиот систем на Македонија треба да гарантира сигурно и доверливо снабдување на електрична енергија до своите потрошувачи. За жал, Владата на Македонија и раководството на АД ЕСМ успеаа за само четири години да ги уништат нашите производствени капацитети кои се сега далеку под нивото на своите производствени можности.”изјави на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Антовски, Законот за Енергетика донесен во 2018 година, АД ЕСМ има законска обврска за 2022 година да обезбеди минимум 60% од потребите на ЕВН ХОМЕ за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи.

„АД ЕЛЕМ не се пријави и на третиот тендер објавен од страна на ЕВН ХОМЕ. Наместо АД ЕСМ да ги исполни своите законски обврски и да гарантира сигурно снабдување со електрична енергија, ние денес имаме пропадната и банкротирана компанија која произведува милионски загуби кои ги плаќаме ние граѓаните од Буџетот на Македонија. Наместо успешно справување со енергетската криза и зголемување на сопственото производство, денес сме сведоци на скапите набавки на струја од надвор и по цени од 350 евра за MWh,иако производната цена на АД ЕСМ, кога би имало јаглен во термоцентралите и вода во акумулациите на хидроцентралите, би била околу 55 евра за MWh.Причините се кријат во лошото менаџирање на оваа компанија, поради што акумулациите се на минимум, па хидроцентралите не се во можност да го произведуваат потребното количество на електрична енергија. РЕК Битола е во постојани хаварии и дефекти. Ископ на јаглен во рудниците речиси и да нема, дневно се копа колку за потребите на половина блок. Наместо да се копаше јаглен пролетта и летото, тие договараа тендери со фирми блиски на СДС,за денес да нẻ замајуваат со научнофантастични приказни за набавка на јаглен од надвор.”, изјави Антовски

Антовски запраша колку милиони евра ќе не чини ова недомаќинско и криминално владеење на Владата на СДС, потенцирајчи го и новото оскапување на струјата од 1-ви јануари.

Тој додаде дека најпрво, во 2020 година ја поскапеа струјата за 7.4%, потоа следеше ново поскапување на струјата во 2021 година од скоро 20%, успешно го замаскираа со намалувањето на ДДВ-то на 5%.

„Време е за промени, за нови и чесни политичари кои што знаат и умеат како да се справат со проблемите, време е за итни предвремени парламентарни избори и справување со кризните состојби”,истакна Антовски.

Share
Scroll to Top