(Видео) Андоновски: Буџетот за 2022 треба да ги санира штетите од недомаќинското владеење на Шилегов

пред 2 години

Советот на Град Скопје, денеска го разгледуваше буџетот за 2022 година. Според советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски буџетот за 2022 треба да ги санира штетите од недомаќинското владеење на Шилегов.

„Овој буџет е планиран на начин што ќе овозможи справување со долговите оставени од претходната градска администрација. Во исто време тој ќе предвидува нови проекти – проекти за справување со загадувањето и чиста животна средина, за урбан развој на градот, за дигитализација. Градот издвојува рекордни 24 милиони денари за субвенции за граѓаните за клима уреди. Субвенциите ќе бидат и за еколошки транспорт – 15 милиони денари за набавка на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала.” ,изјави Андоновски.

Андоновски додаде дека со субвенции кон ЈСП започнува проектот за бесплатен јавен превоз на граѓаните. Етапно, по групи на граѓани и определени денови – буџетот предвидува бесплатен јавен превоз.

Тој истакна дека десетици милиони денари се предвидени за нови зелени површини, уредување на Кејот на Вардар и Кејот на реката Лепенец. Кејот повторно ќе стане зелен и спортски.

Кога станува збор за инфраструктурата, Андоновски истакна дека од 5 планирани булевари во програмата – обезбедени се 400 милиони денари за отпочнување со работа на четири: булевар „Хрватска“, „Теодосиј Гологанов“, „Љубљанска“ и „Борис Трајковски“.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува колегите од СДСМ и ДУИ, да престанат да ги злоупотребуваат своите позиции, обвинувајќи го Градот за сѐ, а заборавајќи дека тие се власт на централно ниво и ги имаат сите институции.

Share
Scroll to Top