Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што рече, шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата никаде не било изгласано дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите.
„Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари ? Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок. Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.
„Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал. Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал“, додаде Арсовски.