(Видео) Арсовски: Додека се пљачкаат граѓаните со нови давачки, Заев ќе земе 50 милиони евра од покачувањето на горивата

пред 3 години

СДСМ и оваа влада на СДСМ предводена од Зоран Заев економски ја втурна во колапс Република Македонија, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Задолжувања, даноци, камати, криминални тендери, покачување на основни потреби за живот, сето ова го наметна владата на СДСМ и на Зоран Заев кон граѓаните. Пати државата, патат и граѓаните и сето тоа заради неспособноста и заради криминалот на СДСМ и на Зоран Заев. 4.13 денари е најновото покачување по литар гориво, а од доаѓањето на власт на СДСМ и Заев, до сега покачувањето за литар гориво е цели 14 денари. Цели 14 денари по литар се давачки кои се арач на државата што го зема Заев и потоа тие пари преку криминални тендери завршуваат во џебовите на СДСМ и на функционерите околу Заев, но и самиот Зоран Заев“, потенцира Арсовски.

Според Арсовски, на просечно семејство изминативе 4 години му се зголемиле давачките во просек месечно за гориво за еден автомобил за над 600 денари.

Додаде дека над 50 милиони евра годишно власта на СДСМ ќе земе од граѓаните преку покачувањето на горивата, а тие 50 милиони евра како што рече ќе завршат во џебовите на СДСМ преку криминални тендери.

„Додека граѓаните ги пљачка оваа власт, СДСМ и Заев ја задолжија државата и граѓаните над 7 милијарди евра, од кои 2.4 милијарди евра нов долг, само во време на СДСМ и Заев изминативе 4 години“, рече Арсовски.

Ова како што рече Арсовски е најголемото историско покачување на јавен долг на една Влада, и според него најголемото историско задолжување од страна на една кко што ја нарече криминална влада додека пак капиталните инвестиции кои што треба да се во најголем број, тие се спротивни и се огромна нула.

Share
Scroll to Top