Единаесет обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

пред 3 години

Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, скопското јавно обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози.

Лицата се товарат дека сториле кривично дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по кривичниот законик.

Надлежните додаваат дека во одвоени кривично-правни настани, овие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола и тоа во временскиот период во кој движењето на населението е забрането како мерка за спречување на ширењето на заразна болест.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби за сите обвинети, при што поединечната висина на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Share
Scroll to Top