(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара за спорот со Бугарија да се разговара во Собранието

пред 3 години

Бараме за спорот со Бугарија да се разговара во Собранието, мора да се знае за што преговара Владата, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече, надвор од парламентаризмот е поканети министри да избегнуваат да дојдат на прашања кои што се битни од национална гледна точна, но и од точка на евроинтеграциите.

„Цениме дека е крајно неодговорно отсуството на вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни Бујар Османи на денешната комисија за надворешна политика“, рече Милошоски и додаде дека со тоа, пратениците на владејачкото мнозинство оневозможуваат Комисијата за надворешна политика да биде ефикасна институција како работно тело од Собранието.

Тој нагласи дека она што требало да биде расправано на Комисијата за надворешна политика, ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи како точка на дневен ред на пленарната седница. Насловот на точката ќе биде информација за македонско – бугарските односи во контекст на објаснувачкиот меморандум од официјална Софија и ризикот на блокада за преговорите со Европската Унија.

Оваа точка освен материјал кој што е приклучен ќе содржи два предлог заклучоци. Првиот заклучок – Собранието ги осудува позициите содржани во објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до членките на ЕУ во контекст на проширувањето на македонските евро интеграции како спротивни на повелбата на Обединетите нации во која една од целите е развивање на пријателски односи меѓу нациите засновани врз принципот на почитување и еднакви права и самоопределба на народите, право кое неделиво му припаѓа и на македонскиот народ. И вториот предлог заклучок – Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ до европската комисија и до европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓу владина македонско европска конференција.

„Се надеваме дека пратениците од парламентарното мнозинство ќе ја согледаат важноста на ова информација коректноста и издржаноста на предложените заклучоци и дека истите ќе бидат подржани со пошироко надпартиско мнозинство како што впрочем за многу по контроверзни теми се забележа надпартиското мнозинство во парламентот на соседна Бугарија“, додаде Милошоски.

Share
Scroll to Top