(Видео) Во Скопје марш за прекин на војната во Украина

пред 2 години

Со украински знамиња и пораки „Бидете смирени и сакајте ја Украина“ од Скопје се упати порака до Русија да ја прекине војната.

Присутните маршираат од плоштадот Македонија до Руската амбасада. На протестот присутни се Украинци кои живеат во Македонија, но и граѓани кои ја поддржуваат иницијативата.

„Ние, Украинците во Македонија, излегуваме денеска на протест да изразиме поддршка за нашите роднини, пријатели, кои се изложени на брутален напад. Да кажеме стоп за војните во 21 век, да кажеме стоп за трета светска војна и не за страдањето што низ цела Европа може да го донесе агресијата што сега се случува врз невино население во Украина“, стоеше во најавата на протестот.

Тие ги повикаа и македонските граѓани да им се придружат за, како што велат, „заеднички да кажеме стоп за лудилото на војната“.

Share
Scroll to Top