(Видео) Во Скопје приведени 37 лица барани со потерница од почетокот на годината

пред 3 години

Од 1 јануари до 10 февруари годинава, полицијата во главниот град, лоцирала и привела 37 лица, кои биле барани со потерници, соопшти МВР.

Приведените биле барани по различни основи:  по наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др.

„Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани локални, национални (централни) и меѓународни потерници: осудени лица со казна затвор, лица под истрага или со веќе определена мерка притвор, лица кои избегале од казнено-поправни установи“, истакнаа од МВР.

Инаку, во текот на 2021 година на територијата на Скопје беа приведени 297 лица барани со потерница. Притоа, од страна на Оперативниот тим – потраги од слобода беа лишени 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во вкупно времетраење од 204 години и 11 месеци. Од страна на организационите единици во рамки на СВР Скопје, во рамки на преземените оперативни активности од слобода беа лишени 195 лица за издржување на вкупна казна затвор од 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.

Воедно, во содејство на МВР Интерпол и МВР Потраги минатата година беа екстрадирани 32 лица, за кои беа распишани меѓународни потерници.

Share
Scroll to Top