(Видео) Заев во посета на „Мајски цвет“: Енергетски ефикасна градинка заштедува околу 140 илјади денари годишно

пред 3 години

На годишно ниво, заштедите на електрична енергија на енергетски ефикасна градинка одат до 140 илјади денари, средства кои остануваат за градинката, за унапредување на условите за грижа и воспитување на децата, истакна премиерот Зоран Заев на денешната посета во градинката „Мајски цвет“ каде заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и пратеничката во Собранието, Марија Георгиевска направија увид на инсталираната опрема за фотоволтаици и фотонапонски систем.

Посетата по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност беше токму во градинката „Мајски цвет“ која освен што како новоизградена ги исполнува сите услови за згрижување на децата од предучилишна возраст, е целосно енергетски ефикасен објект.

„Паралелно со доградувањето, проектот ги следеше сите критериуми за енергетска ефикасност и за енергетска само-одржливост и денеска оваа градинка си ја произведува струјата за сопствените потреби преку фотонапонски панели кои обезбедуваат во секој момент 3,2 киловати електрична енергија и 300 литри топла вода. Вишокот струја преку двосмерно броило се пренасочува кон мрежата на ЕВН, а хибридните колектори заменуваат 4 стари, енергетски неефикасни бојлери“, рече премиерот Заев и додаде дека е проширен капацитетот на градинката за уште 95 деца со дополнителни 150 метри квадратни.

Тој нагласи дека досега се конвертирале и изградиле повеќе од 100 енергетски ефикасни објекти кои носат финансиски бенефит и подобра животна средина.

Share
Scroll to Top